(Видео) Карагер низ Лондон пие пиво со навивачите на Борусија

(Видео) Карагер низ Лондон пие пиво со навивачите на Борусија

пред 6 месеци

Џејми Карагер (46), легенда на Ливерпул, веќе некое време е член на коментаторскиот тим на „Си-би-ес Спорт“, заедно со водителката Кејт Абдо и кокоментаторите Тиери Анри и Мика Ричардс.

Но, популарниот Кара се „отцепи“ од тимот од студиото. Од првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите, кој Борусија и ПСЖ го одиграа во Дортмунд, меѓу навивачите на домашниот тим „пронајде ново семејство“.

Ова го изјави откако го помина целиот натпревар на трибината наречена „Жолт ѕид“.

Потоа, тој го интервјуираше Џејдон Санчо додека му се плеткаше јазикот. Тој призна дека тоа било така бидејќи во текот на натпреварот испил осум пива со навивачите на Борусија.

Сега, пред финалето на Лигата на шампионите во Лондон, Карагер и неговото ново семејство пијат, скокаат и пеат низ градот во пресрет на натпреварот помеѓу Борусија и Реал.

Share
Scroll to Top