Победникот на ЕУРО ќе заработи речиси 30 милиони евра

Победникот на ЕУРО ќе заработи речиси 30 милиони евра

пред 4 месеци

Наградниот фонд за претстојното Европско фудбалско првенство во Германија кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули е непроменет во однос на претходниот континентален турнир.

Исто како и пред три години, УЕФА че подели вкупно 331 милион евра.

Секоја репрезентација само со пласман на ЕП заработи по 9,25 милиони евра. За победа во групната фаза на турнирот во Германија се доделуваат дополнителни милион евра, а за реми половина милион евра.

УЕФА го наградува пласманот во осминафиналето со дополнителни 1,5 милиони, четвртфиналето со 2,5, а полуфиналето со четири милиони евра.

Поразената репрезентација во финалето ќе добие пет милиони евра, а победникот осум милиони евра.

Максималната сума што може да ја заработи европскиот шампион доколку ги оствари сите три победи во групата е 28,25 милиони евра. За потсетување, титулата европски првак ја брани Италија која е во групата Б со Хрватска, Шпанија и Албанија.

Награден фонд за ЕУРО 2024 во Германија (сите бројки во милиони евра):

Вкупен фонд: 331 милион евра
Бонус за пласман: 9,25 милиони евра
Победа во групата: милион евра
Нерешено во групата: 500.000 евра
Влез во осминафиналето: 1,5 милиони евра
Влез во четвртфиналето: 2,5 милиони евра
Влез во полуфинале: 4 милиони евра
Поразен финалист: 5 милиони евра
Конечен победник: 8 милиони евра

Share
Scroll to Top