„Атаман мора да работи уште 100 години за да го стигне Жељко Обрадовиќ“

„Атаман мора да работи уште 100 години за да го стигне Жељко Обрадовиќ“

пред 6 месеци

Генералниот директор на Макаби, Никола Вујчиќ ги коментираше споредбите меѓу Ергин Атаман и Жељко Обрадовиќ.

Никола Вујчиќ е поранешен хрватски кошаркар и легенда на Макаби. Тој е првиот кошаркар во историјата на Евролигата кој успеал да забележи трипл-дабл. Со Макаби два пати стана европски првак.

Сезонава, Макаби во пет натпревари доживеа елиминација од Панатинаикос во четвртфиналето. Подоцна Панатинаикос ја освои титулата.

По триумфот над Реал во финалето, многумина ги споредија Ергин Атамани тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, кој девет пати ја освојуваше Евролигата.

„За Ергин Атаман да стигне до Жељко Обрадовиќ, би требало да работи во следните сто години. Ако сакате да го именувате трофејот во Евролигата по некој, тој е вистинскиот човек за тоа“, изјави Вујчиќ, а пренесува „Баскетњуз“.

Share
Scroll to Top