(Видео) Англија со победа го започна ЕП – Белингем и пресуди на Србија

(Видео) Англија со победа го започна ЕП – Белингем и пресуди на Србија

пред 6 месеци

Англија, според прогнозите најголемиот фаворит за титулата на ЕУРО 2024, со победа над Србија 1:0 (1:0) го започнаа контитнеталниот шампионат.

Одличен динамичен натпревар одиграа двете репрезентации во Гелзенкирхен, на крајот пресуди голот на Џуд Белингем во 13.минута и кукавичката игра на Србија во првите 20 минути од натпреварот.

Англичаните во силно темпо го започнаа натпрварот, не им дадоа да „дишат“ на Србите, кои панично се бранеа. Првата вистинска акција ја претворија во гол, Сака успеа некако да нафрли покрај Павловиќ, а Белингем од седум метри ја закова топката во голот.

Притисокот на Англичаните траеше и во наредните десетина минути, пото Србите полека започнаа да фаќаат ритам, ја презедоа контролата врз играта, но до крајот на полувремето имаа една можност, преку Митровиќ чии удар заврши крај голот.

Во вториот дел, Србите апосолутно доминираа, ги стиснаа Англичаните кои успеаја да се одбранат. Пикфорд го одбрани ударот на Влаховиќ, а Кејн интервенираше по шутот на Бирманчевиќ.

Англичаните во второто полувреме имаа само една шанса, ударот на Кејн го одбрани Рајковиќ, а потоа топката од гредата се одби во поле.

Во второто коло, Англија ќе игра против Данска, а Србија против Словенија.

Share
Scroll to Top