Серхио Рамос (38) за две недели ќе биде слободен играч. Славниот шпански дефанзивец нема да го продолжи договорот со Севилја во која се врати на почетокот на минатата сезона.
Рамос е еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња. Минатата сезона беше стандарден во Севилја. Тој забележа 37 настапи, постигна седум гола.
Кариерата ја започна во Севилја во 1996 година, а во 2005 година се пресели во Реал Мадрид. Таму играше до 2021 година, а потоа по истекот на договорот се пресели во ПСЖ.
За шпанската репрезентација постигна 23 гола на 180 натпревари. Во кариерата освои се што можеше да се освои, а за Реал Мадрид постигна 101 гол на 671 натпревар и освои четири ЛШ. Со Шпанија двапати беше европски и еднаш светски првак.