(Видео) Нејмар си купи дрес од уличен продавач

(Видео) Нејмар си купи дрес од уличен продавач

пред 3 месеци

Нејмар стана хит на социјалните мрежи поради гестот што го направи пред натпреварот Бразил – Костарика (0:0) во првото коло од групната фаза на Копа Америка.

Нејмар се рехабилитира од повредата, тој од октомври нема одиграно натпревар. Но во чекор ја следи репрезентацијата на Бразил.

Додека се движел со својот автомобил кон стадионот „Софи“, забележал уличен продавач на дресови и застанал.

„Ве молам, дрес на Бразил“, викнал Нејмар низ прозорецот.

Продавачот не го препознал во моментот, го праша кој брон му е потребен.

Кога сфатил за кого се работи, истрчал до автомобилот да му го даде, а потоа падна и едно селфи со фудбалската ѕвезда.

Share
Scroll to Top