„Честитки за Арбен Таравари, откако ги намали Албанците во Балансер, сега преминува на акција. „Македонија повторно твоја“. Етничкото чистење на Албанците во институциите, кое почна со намалувањето на процентот во Балансер, продолжува со здравствениот сектор на чело со Арбен Таравари“, велат од Алијансата за Албанците.
„Денеска, за жал, беше објавено дека директорот на Клиниката за токсикологија, поставен од самиот Таравари, отпуштил 18 Албанци. Во меѓувреме, голем број вработени во други клиники алармираат дека добиле предупредувања дека многу бргу може да ја имаат истата судбина.
Ги повикуваме Таравари и коалицијата „Влен“ да престанат со оваа сервилност сега веќе со сериозни последици за Албанците. Јавно ги прашуваме дали е ова тоа дејствувањето што толку помпезно го најавија, како и промената што им ја ветуваа на Албанците во кампањата. Со оваа промена навистина ги спроведувате политиките на Мицкоски „Македонија повторно твоја!“, се додава во соопштението на Алијансата за Албанците.
Текстот Алијансата за Албанците: Директорот на Клиниката за токсикологија, поставен од Таравари, отпушти 18 Албанци е превземен од МАКФАКС.





