Министерот Дурмиши одржа средба со косовскиот амбасадор

Министерот Дурмиши одржа средба со косовскиот амбасадор

пред 6 месеци

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши оствари средба со амбасадорот на Република Косово во нашата држава Флоријан Ќехаја

Амбасадорот упати честитка до новата Влада и до министерот Дурмиши за неговото преземање на фунцијата министер за економија и труд.

На средбата беа разменети мислења за можностите за продлабочување на билатералната и регионалната соработка.

Министерот Дурмиши изрази очекување дека позитивниот тренд во развојот на економските односи со Косово, како наш значаен трговски партнер, ќе продолжи и во иднина.

Текстот Министерот Дурмиши одржа средба со косовскиот амбасадор е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top