(Видео) Коциќ: По 11 неуспешни обиди на ДПМНЕ, го реализираме стратешкиот енергетски проект „Чебрен“

(Видео) Коциќ: По 11 неуспешни обиди на ДПМНЕ, го реализираме стратешкиот енергетски проект „Чебрен“

пред 6 месеци

Почнува реализација на стратешкиот и исклучително важен енергетски проект „Чебрен“, инвестиција вредна над 1 милијарда евра.

Станува збор за огромен енергетски капацитет, кој драстично ќе влијае на енергетската независност на земјата и на стабилноста на системот.

Со овој нов енергетски капацитет може да се задоволат потребите на 250 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија, истакна Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ, на денешната прес-конференција.

Зголемено производство од обновливи извори, според него, значи сигурна енергетска иднина и стабилна цена на струјата.

„Во однос на водата, интерес на државата е да има уште една голема акумулација. Придобивките се големи – енергетски, но и за заштита од поплави, регулација на речното корито, водоснабдување.

Приватниот инвеститор ќе добие дозвола за вода за производство на електрична енергија и само за тоа. Не може да прави што сака со водата затоа што во Законот за водите јасно е наведено што е приоритет.

Обезбедени им се сите потреби на земјоделците за наводнување за целокупната обработлива површина на целиот зафат и пошироко, со задоволување на потребните количини во согласност со законот.

ДПМНЕ 11 пати објавуваше тендери за „Чебрен“ за реализација и не успеа. СДСМ направи успешна постапка, со што овој огромен и значаен проект ќе се реализира“, истакна Коциќ.

Со успешната постапката што ја спроведе СДСМ, како што појасни, заштедени се 100 милиони евра, пари на граѓаните.

„Скандалозно, владата на Никола Груевски и ДПМНЕ во 2013 година со одлука го доделила ‘Тиквеш’ на приватниот инвеститор, и тоа 3 месеци по добивање на одобрението за градба на ХЕЦ „Чебрен“.

СДСМ, со измена на таа одлука, го внесе „Тиквеш“ во заедничка компанија 3 месеци по пуштање во работа на ХЕЦ „Чебрен“.

Тоа е суштинска и огромна разлика со која се заштедуваат 100 милиони евра, пари на граѓаните.

Владата на ДПМНЕ и Никола Груевски, кому Мицкоски му беше советник за енергетика, 100 милиони евра сакала да му подари на приватниот инвеститор“, оценува тој.

Текстот (Видео) Коциќ: По 11 неуспешни обиди на ДПМНЕ, го реализираме стратешкиот енергетски проект „Чебрен“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top