Вереницата на Џеф Безос го привлече вниманието на аеродром во Грција, ветрот и го откри задникот

Вереницата на Џеф Безос го привлече вниманието на аеродром во Грција, ветрот и го откри задникот

пред 4 месеци

Основачот на Amazon Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез уживаат на одмор во Грција, а нивните фотографии од аеродромот привлекоа внимание.

Имено, на аеродромот дувал ветер, па Лорен морала да се мачи со спуштање на фустанот и криење на задниот дел. Безос се обиде да и помогне држејќи ѝ го фустанот, но изгледаше дека на Лорен не ѝ беше многу грижа што сите ќе ја видат нејзината задница.

Свршеницата на Безос прошета низ аеродромот во жолто-бел фустан на Долче и Габана, кој убаво ја истакна нејзината витка линија.

Инаку, славниот пар се одмара со пријателите на јахтата на Безос во Грција, а 54-годишната Лорен е фотографирана на романтична вечера со својот вереник, но и како поминува време на јахта и се вози на џет-ски, а фановите на социјалните мрежи го коментираа нејзиното добро извежбано тело.

„Изгледа неверојатно“, „Секоја чест за нејзината упорност во вежбањето“ и „Не можам да верувам дека оваа жена има 54 години“, се само дел од коментарите. Инаку, парот се запознал пред пет години, а милијардерот минатата година ја запросил со прстен кој чинел 2,5 милиони долари.

Share
Scroll to Top