Доминација на Мерцедес во квалификациите – Расел прв, Хамилтон втор

Доминација на Мерцедес во квалификациите – Расел прв, Хамилтон втор

пред 4 месеци

По две години и трката во Бразил, Мерцедес го освои првиот стартен ред во квалификациите.

Џорџ Расел и Луис Хамилтон беа најбрзи во пресрет на трката за ГН на Британија.

Помладиот од двајцата Британци ја освои третата пол позиција во кариерата.

За целосна доминација на Британците се погрижи Ландо Норис кој заврши трет.

Покрај пилотот на Мекларен од вториот ред трката ќе ја започне актуелниот шампион, Макс Ферстапен.

Трката за ГН на Британија утре ќе стартува во 16 часот.

Share
Scroll to Top