(Фото) Кралицата изгубила десетина килограми

(Фото) Кралицата изгубила десетина килограми

пред 4 години

Иако во последните неколку месеци, во неколку наврати британските медиуми пишуваа дека кралицата Елизабета е тешко болна, па дури и дека е пред смрт, од палатата велат дека таа и понатаму цврсто седи на тронот, кој го превзема пред речиси 70 години.

Оттаму велат дека кралицата е добро и дека има само ослабено десетина килограми.

Познато е дека Елизабета веќе некое време е во карантин во дворецот Виндзор, а тоа што ги вознемири нејзините фанови се најновите информации кои говорат дека кралицата никогаш повеќе нема да се врати на кралските должности.

Сепак од кралското семејство ги негираат ваквите шпекулации, откако кралицата деновиве по седми пат се појави во јавноста. Таа беше во посета на Центарот за Анализа и Енергетика во научниот паркт Портон Даун. Ја придружуваше нејзиниот внук, принцот Вилијам.

За време на посетата таа ги проучуваше разните вооружувања и тактики кои ги користат противбезбедносните служби. Со неа беа и нејзините кучиња.

Кралицата ги демантираше гласините за нејзината лоша здравствена состојба, иако британските кинезиолози и нутриционисти, истакнуваат дека според положбата на нејзините зглобови на нозете и рацете, може да се забележи дека таа има изгубена десетина килограми.

Тоа е еден од знаците дека кралицата, можеби пати од некаква болест.

„Очигледно е дека кралицата има изгубено доста килограми. Тешко е да се погоди колку, но би рекле дека се околу десетина. Нејзините зглобови и нозете се потенки од кога било претходно“, велат експертите за британските медиуми.