Соборен светскиот рекорд во скок во височина

Соборен светскиот рекорд во скок во височина

пред 2 месеци

Украинската атлетичарка Јарослава Махучих го собори светскиот рекорд во скок во височина на Дијамантската лига во Париз.

На митингот на Дијамантската лига во Париз, Јарослава Махучих скокна во висина од 2,10 метри  и со тоа го надмина рекордот на Бугарката Стефка Костадинова од 1987 година, поставен на Светското првенство во Рим.

Со овој скок Украинката го освои првото место на состанокот на Дијамантската лига во Париз, додека третото место го зазеде српската атлетичарка Анџелина Топиќ. Втора беше Никола Олислагерс од Австралија.

Собирот на Дијамантската лига се одржува на стадионот „Себастиен Шарлети“ во Париз.

Најголеми достигнувања на атлетичарката во досегашната кариера се бронзата на Олимписките игри во Токио, златен медал на Светското првенство во 2023 година, златен на СП 2022 година во сала, како и два златни медали на Европските првенства, на отворено и во сала.

 

Share
Scroll to Top