Клоп: Многумина очекуваа да се „лизнеме“

Клоп: Многумина очекуваа да се „лизнеме“

пред 3 години

Менаџерот на Ливерпул, по победата над Лајпциг (2:0), во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампиони, рекол дека многумина биле разочарани од резултатот.

Ливерпул победи со головите на Мохамед Салах и Садио Мане, кои немилосрдно ги казнија двете катастрофални грешки во одбраната на Лајпциг.

„Многумина веројатно очекуваа повторно да се „лизнеме“, поради ситуацијата во која што се наоѓаме. Задоволен сум што момците не дозволија да се случи тоа. Натпреварот беше онаков како што посакувавме. Лајпциг може да биде вистински ѕвер, тие секога трчаа повеќе од својот противник, физички се силен тим, ние исклучително добро успеавме да го контролираме мечот“, рекол Клоп.

Реваншот помеѓу овие два тима ќе се одигра за три недели, на 10.март.

Share
Scroll to Top