(Видео) Полициски хеликоптер исфрли над 45 тони вода врз пожарот на планината Оргажден

(Видео) Полициски хеликоптер исфрли над 45 тони вода врз пожарот на планината Оргажден

пред 6 месеци

Денеска, полициски хеликоптер учествуваше во гаснењето на пожар на планината Огражден, на територијата на општина Ново Село.

Поради тешко пристапниот терен полицискиот хеликоптер префрлил 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да почнат со гаснење од земја, а хеликоптерот продолжил да дејствува од воздух.

„За време на дејствувањето, хеликоптерот во 30 налети исфрли 45 тони вода и заедно со пожарникарите кои беа на терен се дејствуваше да се спречи еден од краците на пожарот да навллезе во дабова и букова шума“, информира МВР.

Текстот (Видео) Полициски хеликоптер исфрли над 45 тони вода врз пожарот на планината Оргажден е превземен од МАКФАКС.