Која земја ќе ја претставува Мицкоски во Вашингтон, Северна Македонија или никогаш Северна само Македонија, прашува Филипче

Вакви акти на насилство немаат место во цивилизирано општество, Филипче го осуди обидот за атентат на Трамп

пред 1 година

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче го осуди насилството и обидот за атентат врз поранешниот претседател на САД, Донал Трамп.

„Со големо жалење и длабока загриженост ја примив веста за обидот за атентат на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. Го осудувам секој обид за насилство, ваквите акти на насилство немаат место во цивилизираното општество и претставуваат сериозен напад врз демократските вредности и владеењето на правото.

Во овие тешки моменти на поранешниот претседател на САД, Трамп му испраќам искрени желби за брзо опоравување. Сочуство до семејствата и на другите настрадани“, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Текстот Вакви акти на насилство немаат место во цивилизирано општество, Филипче го осуди обидот за атентат на Трамп е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top