Општина Аеродром ja чисти депонијата во Долно Лисиче

пред 2 години

Комуналните служби на општина Аеродром во соработка со Град Скопје деновиве интензивно работат на расчистување на една од најголемите диви депонии на нејзината територија, лоцирана во Долно Лисиче.

„Станува збор за депонија создавана со години пред мостот во Долно Лисиче што граничи со Јурумлери. Овој потег преполн со ѓубре, шут и кабаст отпад, покрај тоа што е премногу лоша слика за тој дел од општината, претставува и голема опасност за животната средина и здравјето на жителите“, посочуваат локалните власти.

Во соопштението се нагласува дека општината и градоначалникот Тимчо Муцунски остануваат фокусирани на решавање на проблемот со дивите депонии.

„Лоцирани се сите депонии на територијата на Аеродром и активно се работи на нивно расчистување. Воведена е и сменска работа на инспекциските служби, кои се постојано на терен и ги едуцираат жителите, а во краен случај и ги казнуваат несовесните граѓани што фрлаат шут и отпад на јавни површини“, велат од општината.

Share
Scroll to Top