Министерот Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека е исполнето ветувањето за обезбедување и исплата на плати за вработените во двете претпријатија за Железници и во Македонски пошти.
„Ветив дека 4.400 вработени нема да ги оставам без плата! Плата е исплатена на Македонски Железници Инфраструктура, Македонски Железници Транспорт и Македонски Пошти“, напиша Николоски.
Повика на одговорност за претходните раководства за недомаќинско работење.
„Во мојата четврта недела како Министер покажувам дека може поинаку. „МакедонијаЗаТебе“, стои во објавата на Николоски.
Текстот Николоски: Исплатени платите за околу 4. 400 вработени во Железници и Пошти е превземен од МАКФАКС.