Седуммина се вишок во Манчестер јунајтед

Седуммина се вишок во Манчестер јунајтед

пред 2 месеци

Манчестер јунајтед би можел да продаде дури седум фудбалери за да ослободи средства и да направи простор за потенцијалните засилувања.

На „Олд Трафорд“ веќе пристигнаа Џошуа Зиркзе (42,5 милиони евра од Болоња) и Лени Јоро (62 милиони евра од Лил), но се очекува дека до крајот на преодниот рок во клубот да дојдат уште најмалку тројца нови фудбалери.

Јунајтед води преговори со ПСЖ за Мануел Угарте и со Баерн Минхен за Матијс де Лихт и Нусаир Мазрауи.

За да ги реализира овие трансфери клубот мора да продава. На трансфер листата се: Хари Мегваер, Скот Мектоминај, Антонии и Џејдон Санчо ќе можат слободно да го напуштат клубот доколку добие задоволителни понуди. Исто така клубот можат да го напуштат и Виктор Линделоф, Арон Ван-Бисака и Кристијан Ериксен, чии договори истекуваат во јуни 2025 година.

Share
Scroll to Top