(Видео) Италијанка во солзи по борбата со „маж“ на Олимписките игри

(Видео) Италијанка во солзи по борбата со „маж“ на Олимписките игри

пред 3 месеци

Италијанската боксерка Анџела Карини и го предаде мечот на Има Хелиф од Алжир во осминафиналето на Олимпискиот турнир во Париз. Овој меч привлече големо внимание, а Карини реши да се повлече по само 46 секунди.

На Има Хелиф која е родена како маж, минатата година не и беше дозволено да учествува на Светското првенство во Њу Делхи бидејќи не го мина „тестот за соодветност на полот“, но без проблем боксува во Париз.

Од иста причина забрана за настап на СП доби Јутинг Лин (57 кг) од кинески Тајпеј.

„ДНК тестот покажа дека тие имаат „XY хромозоми“, поради што беа исфрлени“, изјави тогаш за ТАСС Умар Кремљев, претседател на Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА).

Итаф против Италијанката Карини делуваше надмоќно, и зададе неколку силни удари во главата, по што борбата беше прекината, а Карини заврши на колена и во во солзи.

„Влегов во рингот да се борам. Не се откажав, но ударот премногу ме повреди, па реков доста е. Си заминувам со крената глава”, изјави Карини, која од рингот замина без да се ракува со противничката.

Share
Scroll to Top