Клубовите се откажуваат од Де Хеа поради платата што ја бара

Клубовите се откажуваат од Де Хеа поради платата што ја бара

пред 4 месеци

Давид Де Хеа во овој преоден рок би требало да му се врати на фудбалот по едногодишната пауза што ја направи минатата година откако Манчестер јунајтед не му го продолжи договорот. Засега е под знак прашалник дали ќе го стори тоа, бидејќи постави високи барања до заинтересираните клубови, поради што некои се откажаа од неговиот ангажман.

Де Хеа помина 12 години во Манчестер јунајтед, каде пристигна на 21-годишна возраст од Атлетико Мадрид. Ја освои Премиер лигата (2012/13), ФА Купот (2015/16) и Лига Европа (2016/17), освои вкупно осум трофеи со гигантот од Олд Трафорд.

Двапати беше прогласуван за најдобар голман на Премиер лигата, во 2018 и 2023 година, според Трансфермаркт, пазарната вредност на Де Хеа денес е пет милиони евра.

Еден од најдобрите голмани на во својата генерација и еден од најдобрите во историјата на Премиер лигата на врвот на кариерата вредеше 70 милиони евра. За Јунајтед одигра 545 натпревари, прими 590 гола, а 190 пати ја сочуваше мрежата.

Преку медиумите се пренесува дека Де Геа има неколку понуди и дека за него се заинтересирани клубови од Англија, Италија, Турција, Саудиска Арабија.

Се пишуваше и дека преговарал со некои шпански и италијански клубови, но и дека Џенова и Фиорентина заклучиле дека тој е прескап за нив. По една година пауза, Де Хеа бара пет милиони евра по сезона. Тоа е сумата што би можел да ја добие само во Саудиска Арабија, поконкретно во Ал Наср.

Share
Scroll to Top