Бастијанини победи во Британија и се вклучи во борбата за титулата

Бастијанини победи во Британија и се вклучи во борбата за титулата

пред 3 месеци

Возачот на Дукати, Енеа Бастианини, победи на Големата награда на Британија во Мото ГП шампионатот. Хорхе Мартин од Прамак Дукати го освои второто место, додека подиумот го комплетираше актуелниот шампион Франческо Бањаја.

Четвртото место го зазеде асот на Гресини, Марк Маркез, додека Фабио Ди Џанантонио од ВР46 тимот ја мина целта на петтото место.

Бањаја имаше исклучителен старт и ја зазеде лидерската позиција уште на самиот старт.

Возалите на Дукати ја предводеа колоната, Бастианини го зазеде второто место, а Мартин стигна до третата позиција откако се проби пред Марк Маркез и Алеиш Еспаргаро.

Алеиш брзо го престигна Маркез, а најбрзата петорка потоа наметна пеколно темпо и се издвои од остатокот од караванот.

Мартин го притискаше Бањаја и на девет круга пред крајот го престигна за првото место во трката и генералниот пласман, но направи грешка во следниот круг. Сепак Шпанецот успеа да ја задржи првата позиција.

А потоа на сцена Енеа Бастианини, најпрвин го престигна тимскиот колега Бања на седум круга до крајот, а потоа го стигна и го престигна Мартин и ја забележа втората победа викендов.

Претходно Бастијанини победи на спринтот во саботата.

Бастијанини со тоа освои 37 бода на Британското ГП и ја намали разликата зад новиот лидер, Мартин и бранителот на титулата Бањаја во генералниот поредок.

Share
Scroll to Top