ЛШ: Веспрем и Алборг со совршен старт – 4-од-4!

ЛШ: Веспрем и Алборг со совршен старт – 4-од-4!

пред 3 години

Унгарскиот гигант Веспрем, но и данското изненадување Алборг го продолжија совршениот старт во ЕХФ Лигата на шампионите. Додека нашиот шампион Вардар уште го чека вториот меч од ЛШ, Веспрем и Алборг веќе имаат по четири победи во елитното европско натпреварување.

Веспрем беше апсолутно доминантен против словенечкиот Целје, триумфирајќи со 39:24. Андреас Нилсон постигна шест гола, Вуко Борозан додаде пет за убедлива победа од 15 гола разлика.

Ако овој резултат не е големо изненадување, триумфот на Алборг од 32:24 над Нант на Кирил Лазаров е помалку шокантен резултат. Данскиот клуб направи предност од седум гола (16:9) во првото полувреме, кое не го испушти до крајот. Магнус Јенсен беше најефикасен за Данците со шест гола, додека кај Нант, Лазаров уфрли два гола.

Во групата на Вардар, Кјелце ја продолжи доминацијата во пресметките со Мешков Брест со 34:27 победа за да се израмни со шест поени на првото место на табелата со Флензбург, следниот противник на „црвено-црните“.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ГРУПА А

Кјелце – Мешков Брест 34:27 (18:11)

Табела: 1.Кјелце 6, 2.Флензбург 6, 3.Мешков 4, 4.Порто 2, 5.Елверум 2, 6.ПСЖ 0, 7.Вардар 0, 8.Пик Сегед 0

ГРУПА Б

Алборг – Нант 32:24 (16:9)

Кил – Мотор Запорожје, одложено

Веспрем – Целје 39:24 (18:11)

Барселона – ППД Загреб 20.45 ч.

Табела: 1.Веспрем 8, 2.Алборг 8, 3.Барселона 6, 4.Кил 4, 5.Нант 4, 6.Мотор 3, 7.ППД Загреб 0, 8.Целје 0

Share
Scroll to Top