ММА: Лудачки нокаут со лакт во Русија

ММА: Лудачки нокаут со лакт во Русија

пред 3 години

Рускиот ММА фајтер, Џихад Јунусов по 20 мечеви, конечно, победи со нокаут, и тоа со спектакуларен удар со лакт на денешниот АЦА 117 настан во Краснаја Полјана, Русија, „патосирајќи“ го бразилскиот противник Леонардо Лимбергер.

Јунусов, кој е познат по двата меча (пораз и победа) во УФЦ против ветеранот Диего Брандао, е познат по тоа што 12-те победи во својата кариера ги добил на поени по тешки пресметки, со многу удари и борење.

Овојпат, по само две минути од првата рунда, со „свртувачки“ лакт на кафезот, тој го прати Лимбергер во несвест.

Share
Scroll to Top