Трипуновски на состанок со Потсекторската група за лозарство и вино: Ќе се вреднува трудот на лозарите

Трипуновски на состанок со Потсекторската група за лозарство и вино: Ќе се вреднува трудот на лозарите

пред 5 месеци

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на состанокот на Потсекторската група за лозарство и вино.

На состанокот се разговараше за претстојната берба на винско грозје, приноси и квалитетот.

Министерот вети дека ќе се вреднува трудот на лозарите и Министерството ќе биде коректив.

Во текот на денот Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја објави производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, Вранец и Смедеревката.

Текстот Трипуновски на состанок со Потсекторската група за лозарство и вино: Ќе се вреднува трудот на лозарите е превземен од МАКФАКС.