Сончево време со температура до 12 степени

пред 3 години

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

Во утринските часови ќе дува слаб до умерен северен ветер, но во текот на денот ќе го промени правецот во југоисточен и ќе биде со слаб интензитет. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени, јави УХМР.

Од понеделник ќе се задржи стабилно време со пониски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштаат под -5 степени. Во понеделник, како и во втората половина од следната седмица по одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен северен ветер.

Share
Scroll to Top