Сончево и топло со температури до 29 степени

пред 3 години

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер.

Попладне во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за ретка појава на дожд и грмежи, информираат од УХМР.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 11 степени, а дневната од 24 до 29 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната до 28 степени.

Во следните денови во претпладневните часови ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на дожд, грмежи и засилен ветер, особено во среда и во деновите од викендот.

Share
Scroll to Top