Трамп: Не би било соодветно да ја посетам Украина кога не сум на функција

Трамп: Ако загубам на изборите, ќе ги напуштам САД и ќе одам во Венецуела

пред 5 месеци

Поранешниот претседател и републикански претседателски кандидат за американските избори, Доналд Трамп, изјави дека ќе ја напушти Америка и ќе замине за Венецуела доколку ги загуби изборите во ноември.

Во интервјуто на X со милијардерот Илон Маск, Трамп рече дека Венецуела, која е зафатена од немири по претседателските избори, ќе биде далеку побезбедно место, пренесува Washington Examiner.

„Ако нешто се случи со овие избори, што би било хорор-шоу, следниот пат ќе се сретнеме во Венецуела бидејќи тоа ќе биде многу побезбедно место за средба од нашата земја“, му рекол Трамп на Маск.

Текстот Трамп: Ако загубам на изборите, ќе ги напуштам САД и ќе одам во Венецуела е превземен од МАКФАКС.