Шпанија ја надмина бројката од 40.000 починати од Ковид-19

пред 3 години

Шпанија денеска ја надмина бројката од 40.000 лица кои починаа како резултат на инфекција со коронавирус, според податоците на Министерството за здравство на земјата.

Имајќи предвид дека Шпанија вчера имаше 349 нови смртни случаи, бројот на смртни случаи беше над 40 000 до средата вечерта, и сега е меѓу земјите што имаат најголем број на смртни случаи од ковид-19, пренесува АП.

Во Франција, минатата недела беше надмината бројката од 40.000, а Велика Британија вчера објави 50.000 мртви.

Во вторникот, Шпанија имаше рекорден број на смртни случаи за еден ден – 400.

И покрај застрашувачките податоци, шпанските власти проценија дека епидемијата „полека се стабилизира во претходните две недели“ на 525 заразени на 100.000 жители.

Share
Scroll to Top