(Видео) Украинците објавија снимка: „Погодивме моќен ракетен систем во Русија“

(Видео) Украинците објавија снимка: „Погодивме моќен ракетен систем во Русија“

пред 2 години

Украинските сили синоќа ја погодија позицијата на моќниот руски противвоздушен систем С-300 во близина на Новошахтинск во руската Ростовска област, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили. Експлозии беа регистрирани во целните области. Се утврдува точноста на ударот, се вели во извештајот на Генералштабот, без да се наведат детали за последиците.

На социјалните мрежи се појави и видео снимка направена синоќа во Ростовската област, на која наводно се гледаат последиците од украинскиот напад врз системот С-300.

Властите во Ростовската област утринава известија за соборување на украинска ракета во западниот дел на регионот.

„Според прелиминарните податоци, нема жртви или штети од паѓање на остатоци“, објави гувернерот Василиј Голубев на својот канал на Телеграм.

Русија обично не ги коментира своите воени загуби по украинските напади.

Текстот (Видео) Украинците објавија снимка: „Погодивме моќен ракетен систем во Русија“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top