Вулин: Јас ги правев списоците на оние што не се добредојдени во Србија

Вулин: Јас ги правев списоците на оние што не се добредојдени во Србија

пред 2 години

Вицепремиерот на Србија, Александар Вулин, денеска изјави дека како министер за полиција и директор на БИА, според закон и совест, направил списоци на оние што не се добредојдени во Србија додавајќи дека жали што не се посвети повеќе на нив.

„Списоците ги направив јас како министер за полиција и директор на БИА по закон и совест и жалам што не им се посветив повеќе ним бидејќи гледам колку се неправедно заборавени. Александар Вучиќ не бил прашан за тоа, ниту требало да биде“, изјави Вулин реагирајќи на хајката против претседателот на Србија, Александар Вучиќ, бидејќи хрватската пејачка Северина била задржана на српската граница, пренесе „Нова.рс“.

Тој посочи дека сите, освен еден од списокот, молеле и барале да им се укине забраната и дека сите рекле оти има и полоши од нив, дека не го мислеле тоа што го пеат или она што го зборувале и дека сите „плачеле оти забраната им ги зема парите или се меша во управувањето со имотот што го поседуваат во Србија“.

Вулин додаде дека некои од нив се молеле лично, други преку нивните менаџери, а трети преку премиерите на нивните земји.

„Многумина се обидоа тајно да дојдат до Александар Вучиќ кого јавно го плукаа“, рече Вулин.

Текстот Вулин: Јас ги правев списоците на оние што не се добредојдени во Србија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top