Германски министер за здравство: Се чини дека третиот бран на коронавирус е разбиен

пред 3 години

Третиот бран на пандемијата на коронавирус се чини дека е разбиен, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан, додавајќи дека мерките за физичко дистанцирање и забрзување на процесот на вакцинација помагаат да се намали стапката на инфекција.

„Се чини дека третиот бран е разбиен“, рече Шпан на редовната прес-конференција за состојбата со пандемијата, пренесува „Ројтерс“.

Клучниот предизвик во зголемувањето на производството на вакцини е колку брзо и колку ефикасно може да се пренесе технологијата, рече Шпан, повторувајќи дека официјален Берлин се противи на американскиот предлог да се откаже од заштитата на патентите.

„Главното прашање не е заштитата на патентите, туку производствениот капацитет“, рече Шпан.

Министерот рече дека ќе биде воодушевен доколку САД покажат иста подготвеност за извоз на вакцини како што покажа Германија.

Процентот на германски граѓани кои, според него, ја примиле првата доза на вакцина, сега достигна 31,5 проценти, при што дозата ја примиле 900.000 луѓе вчера, што ја стави Германија на брза патека според меѓународните споредби.

Во обид да го забрза процесот на вакцинирање, Шпан вчера дозволи вакцината на „Астразенека“ да се дава на сите возрасни лица, со што се изменети претходните ограничувања воведени по извештаите за ретки случаи на згрутчување на крвта.

Шефот на германскиот Институт за инфективни болести „Роберт Кох“, Лотар Вилер, рече дека стапката на зараза со Ковид-19 се намалува во сите возрасни групи и дека се надева дека наскоро ќе биде сузбиена пандемијата во Германија.

 

Share
Scroll to Top