Тренерите во Ла Лига се закануваат со штрајк доколку не се исполни важно барање

Тренерите во Ла Лига се закануваат со штрајк доколку не се исполни важно барање

пред 2 недели

Тренерите на шпанскиот прволигаш решија да се организираат во борбата за своите права. По одржувањето на состанокот на кој присуствуваа околу 40 тренери, нивните претставници утре ќе се сретнат со раководството на Ла Лига, на која една од темите ќе биде и финансиската заштита на тренерите кои добиваат отказ во одредени клубови.

Тие инсистираат во правилникот на натпреварувањето да стои принципот според кој клубовите не можат да ангажираат нов тренер пред да се постигне договор со поранешниот околу финансиската исплата на неговиот претходник кој добил отказ. На споменатата средба присуствуваа и многу познати имиња.

Меѓу присутните биле Карло Анчелоти, Диего Симеоне и Чави Ернандез. Тренерите едногласно одлучија во преговорите со челниците на Ла Лига да нема отстапување во однос на правилата за финансиска заштита на отпуштените колеги. Во случај да не им се исполни барањето, можен е и штрајк.

Share
Scroll to Top