Американскиот кошаркар Кајл Хајнс одлучи да стави крај на професионалната кариера.
Во својата богата евролигашка кариера, Хајнс успеа по двапати да се искачи на врвот на Европа со ЦСКА Москва и Олимпијакос. Хајнс е еден од најнеобичните играчи во Европа со оглед на тоа што беше центар кој не е висок ни два метри. Хајнс ја дефинираше идејата за „андерсајз“ центар во кошарката, центар кој имаше совршено чувство за скок, градење простор и за дефанзива.
Последен клуб во кариерата од 2020 година му беше на Олимпија Милано.
— Kyle Hines (@SirHines) September 4, 2024
Кајл Хајнс од САД го донесе Андреа Тринкиери, играше во Вероли, па во Бамберг, додека во Олимпијакос, каде тренер беше Дуда Ивковиќ, стигна и до првите две европски шампионски титули.
После тоа, тој замина во Москва, каде беше член на тимот на ЦСКА. Таму остана седум години и успеа двапати да ја освои Евролигата.
Три пати беше најдобар дефанзивец на Евролигата, одигра најмногу натпревари во Евролигата од сите играчи, а шампионски титули освојуваше во Италија, ВТБ лигата, Грција, Германија. Во Германија беше МВП на финалето на плејофот.