Јуве и Наполи со реми, Елмас, сепак, играше!

Јуве и Наполи со реми, Елмас, сепак, играше!

пред 2 години

И покрај вестите дека заедно со уште тројца соиграчи од Наполи, Елиф Елмас имал позитивен тест на КОВИД-19, македонскиот репрезентативец беше дел од дербито со Јувентус во Торино, кое заврши 1:1.

Одигрувањето на мечот, слично како минатата година, беше неизвесно откако дел од фудбалерите на Наполи покрај позитивните тестови, не биле целосно вакцинирани, но на крајот немаше одложување на „Алијанц стадионот“.

Гостите први стигнаа во водство, кога во 23. минута, најдобриот стрелец во историјата на Наполи Дрис Мертенс го шокираше Војчех Шчесни. Јувентус израмни во второто полувреме со убавиот гол на Федерико Киеза.

Наполи останува на третото место во Серија А со 40 поени, пет помалку од Милан и шест зад лидерот Интер, додека Јувентус сега се петти со 35 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top