Арсенал земаа кредит од 120 милиони фунти, па купија играч од 540.000 фунти

Арсенал земаа кредит од 120 милиони фунти, па купија играч од 540.000 фунти

пред 3 години

Арсенал потврдија дека земале краткорочен кредит од 120 милиони фунти од Банката на Англија за да се помогне со приливот на пари во текот на пандемијата на КОВИД-19. Кредитот, „топчиите“ ќе мораат да го вратат до мај со одредена камата (која засега не е објавена).

И нивните главни ривали, Тотенхем се решија на сличен кредит од 175 милиони фунти минатото лето преку оваа шема поддржана од британската влада, исто како и Фудбалската асоцијација (ФА), која позајми 175 милиони фунти во декември.

Арсенал признаа дека веќе немаат резерви на кеш, откако само посетата на мечевите им носеше 24 отсто од вкупниот приход, а се очекува на крајот на сезоната да имаат губиток од 144 милион фунти.

Во исто време, во клубот се надеваат дека ќе можат да продадат дел од фудбалерите или да ги пратат на позајмица со што би се намалиле трошоците, во прв план Месут Озил и неговата плата од 250.000 фунти неделно.

Во меѓувреме, „топчиите“ го потврдија првото засилување во зимскиот преоден рок – 19-годишниот Омар Рекик пристигнува од Херта Берлин за 450.000 фунти. Централниот бек, кој е поранешен младински играч  на Манчестер сити и ПСВ Ајндховен ќе биде дел од У-23 тимот на Арсенал.

Share
Scroll to Top