Арсенал го „суреди“ Лидс, Кепа за спас на Челси во пенал-серијата со Саутемптон

Арсенал го „суреди“ Лидс, Кепа за спас на Челси во пенал-серијата со Саутемптон

пред 3 години

Арсенал и Челси се пласираа во четврт-финалето на Англискиот лига куп по различни победи во вечерните мечеви како домаќини.

На „Емирати“, првиот гол го даде Калам Чејмберс во 55. минута, само што влезе во игра, за во 69. минута талентот Еди Нкетија да го удвои водството за уште една победа на препородените „топчии“ под Микел Артета.

Каи Хаверц им донесе водство на „сините“ во финишот на првото полувреме, но Саутемптон успеа да одговори во 47. минута преку Че Адамс за да примораат пенали. Во пенал серијата, Кепа Аризабалага му го одбрани пеналот на Тео Волкот, а откако и Мејсон Маунт не беше прецизен, во следниот обид Вил Смолбоун ја прати топката високо за победа на „сините“.

АНГЛИСКИ ЛИГА КУП, 1/8 ФИНАЛЕ

Арсенал – Лидс 2:0

Челси – Саутемптон 1:1, 4:3 пен.

Квинс Парк Ренџерс – Сандерленд 0:0, 1:3 пен.

Share
Scroll to Top