Полу-финале на „одметниците“, Реал против Челси

Полу-финале на „одметниците“, Реал против Челси

пред 3 години

Реал, вечерва, во Мадрид ќе го пречека Челси, во првиот полу-финален натпревар во Лигата на шампиони. Утре, својот прв натпребар, во Париз, ќе го одиграат ПСЖ и Манчестер сити.

На „Алфредо ди Стефано“ стадионот, противници ќе бидат клубовите кои имаа желба да ја напуштат УЕФА, преку проектот Суперлига. Челси, први се повлекоа од Суперлигата, а Реал, преку претседателот Флорентино Перез, веруваат дека проектот има иднина.

Овие два тима, низ историјата, одиграле два натпревари и двата им припаднале на „сините“ од Лондон.

Во сезоната 1971/72, во финалето на Купот на куповите, во Атина, Челси го победил Реал со 2:1, а во 1998 година, во финалето на Суперкупот на УЕФА, Челси победиле со 1:0.

Реал е најтрофејниот клуб во елитното натпреварување, додека Челси прв пат по сезоната 2013/2014 успеа да дојде до полу-финалето во Лигата на шампионите.

Тренерот на Реал Мадрид, за овој меч, не може да смета на услугите на Ферлан Менди, Серхио Рамос и Феде Валверде, додека неговиот колега Томас Тухел, тимот ќе го составува без Матео Ковачиќ.

Можни состави:

Реал (4-3-3): Куртоа – Карвахал, Варан, Милитао, Начо – Модриќ, Касемиро, Крос – Асенсио, Винисисус, Бензема.

Челси (3-4-3): Менди – Аспиликуета, Ридигер, Тијаго Силва – Џејмс, Канте, Жоргињо, Чилвел – Маунт, Вернер, Хаверц.

Натпреварот ќе започне во 21 часот, главен судија ќе биде Холанѓанецот, Дани Макели.

Share
Scroll to Top