Проблем за Ливерпул – Робертсон ја потврди повредата

Проблем за Ливерпул – Робертсон ја потврди повредата

пред 3 години

Левиот бек на Ливерпул, Енди Робертсон, потврдил дека ги повредил лигаментите, во текот на контролниот натпревар со Атлетик Билбао. Капитенот на Шкотска, го напушти теренот во финишот на првото полувреме. Натпреварот, одигран во неделата на „Енфилд“, заврши без победник 1:1.

Робертсон, откако ги добил резултатите од дополнителните прегледи, на социјалните мрежи потврди дека повредата не е сериозна.

„Благодарам за пораките и поддршката. Скенерот покажа дека постои оштетување на лигаментите кое треба да се санира. Не е ништо страшно. Со нетрпение чекам да се вратам во тимот“, напишал Робертсон.

Во пораката, Шкотланѓанецот, не открива колку време ќе му биде потребно да се рехабилитира од повредата. Сигурно е само дека тој нема да биде во тимот на Ливерпул, во првото коло од новата сезона.

Ливерпул, во сабота, ќе гостува кај повратникот во Премиер лигата, Норич.

Share
Scroll to Top