Експедицијата на фудбалската репрезентација на Македонија отпатува за Торшван, каде утре против Фарски Острови ќе го отвори новиот циклус во Лигата на нации.
Пред заминувањето селекторот Благоја Милевски се соочи со неочекуванни проблеми. Од списокот отпаднаа напаѓачите Александар Трајковски и Милан Ристовски.
Според информациите на двајцата им претстои пауза, што значи дека покрај дуелот во Торшван ќе го пропуштат и натпреварот со Ерменија, во вторник во Скопје.