Федерер не размислува да се пензионира

Федерер не размислува да се пензионира

пред 3 години

Роџер Федерер, по подолго време, се огласи на социјалните медиуми. Швајцарецот се надева дека на почетокот на наредната годин ќе се врати на терените.

„Се надевам дека во јануари ќе се вратам на терените. Се чувствувам добро, здрав сум, сите во моето семејство се здрави“, рекол Федерер.

Швајцарецот по Австралија опен замина на операција на коленото.

„Напредувам. Можеби не од ден во ден, но секако дека чувствувам напредок од недела во недела. Минатата недела бев на тенискиот терен, прв пат од февруари. Тоа ме охрабрува. Работам колку што ми дозволува коленото“.

На крајот тој потврдил дека не размислува за крај на кариерата.

„Ништо не се сменило, се уште сакам да се вратам и да играм тенис. Уште сакам да играм пртив легендите на овој спорт и против најдобрите играчи. Забавно е да се биде филантроп, тенисер, се во исто време. Не размислувам да се пензионирам“, заклучил Федерер.

 

Share
Scroll to Top