Скок на Манчини вреден четврто место – Рома ја победи Џенова

Скок на Манчини вреден четврто место – Рома ја победи Џенова

пред 3 години

Рома ја победи Џенова со 1:0 за да се искачи на четвртото место во Серија А по некомплетното 26. коло во италијанскиот шампионат.

Моментот на одлука се случи во 24. минута, кога Џанлука Манчини скокна највисоко по еден корнер за да го совлада Федерико Маркети. За Џенова во тимот не беше македонскиот капитен, Горан Пандев.

Рома сега е четврта со 50 поени, два помалку од третопласираниот Јувентус и поен пред Аталанта, која утре му гостува на лидерот Интер. Џенова останува на 13. место со 27 поени, седум над зоната за испаѓање.

Share
Scroll to Top