„Бомба“ во Ф1, Њуи се сели во Астон Мартин

„Бомба“ во Ф1, Њуи се сели во Астон Мартин

пред 2 месеци

Легендарниот дизајнер на болиди, Адријан Њуи е нов шеф на тимот на Астон Мартин.

Како гром од ведро небо одекна веста дека Адријан Њуи си заминува од тимот на Ред Бул и оттогаш се шпекулира каде би можел да ја продолжи кариерата. Изминатите месеци се шпекулираше дека Њуи ќе се пресели во Астон Мартин, сега шпекулациите добија потврда.

Њуи има 65 години, а Астон Мартин ќе му плаќа 26 милиони долари годишно и од март 2025 година ќе гледаме вистински спектакл во Формула 1 шампионатот.

Со нетрпение се очекува соработката меѓу Адријан Њуи и Фернандо Алонсо, па јасно е дека Астон Мартин ќе биде најинтересниот тим за гледање во наредните години.

Пред Астон Мартин, Адријан Њуи работеше за Ред Бул од 2006 година, а претходно беше дел од Мекларен, претходно Вилијамс, а беше во Лејтон Хаус во својата прва сезона во Ф1.

Share
Scroll to Top