Адријано не се плаши од корона, се забавува по ноќни клубови

Адријано не се плаши од корона, се забавува по ноќни клубови

пред 3 години

Легендарниот бразилски напаѓач, Адријано е виден на журка во познат ноќен клуб во Рио де Жанеиро, без маски, без дистанца, без протоколи.

Пред неколку дена неговиот сонародник Нејмар беше на мета на јавноста откако организира журка во приватна вила во Рио.

Бразилските медиуми јавуваат дека некогашниот напаѓач на Интер, Парма и Фиорентина познат под прекарот „Император“ танцувал и се забавувал во преполниот клуб, а овековечен е и на сцената, во придружба на пејачот МЦ Кабелиња кој фотките ги објавил на друштвените мрежи.

Следуваа критики за однесувањето на пејачот, на што тој дрско возврати. Адријано засега нема коментар за случувањата.
Фудбалерот кој остави длабока трага кај „нероазурите“ и за кого се предвидуваше блескава кариера падна во депресија по смртта на таткото, а капак на се беше обидот да се излекува со алкохол.

Share
Scroll to Top