Тајсон потврди нови мечеви во 2021: Овојпат ќе бидам подобар

Тајсон потврди нови мечеви во 2021: Овојпат ќе бидам подобар

пред 3 години

По првиот боксерски меч по 15 години, легендарниот Мајк Тајсон потврди дека ќе се врати во рингот барем уште еден пат во 2021 година.

Поранешниот апсолутен шампион во тешка категорија во ноември боксуваше со Рој Џонс Јуниор во првиот меч по поразот од Кевин Мекбрајд, и по осум рунди мечот беше нерешен, но предизвика огромно внимание и доби фантастични 1.6 милиони пеј-пер-вју купувања, иако сите средства одеа во добротворни цели.

„Кога објавив дека ќе се вратам, сите сакаа да се вклучат во тоа. Првото шоу сруши рекорди, сега има уште поголем интерес. Се чувствував добро, се чувствував самоуверено. Можам да го направам тоа и да бидам многу подобар“, вели 54-годишниот Тајсон.

Многу ветерани го предизвикаа Тајсон на нова пресметка, посебно неговиот стар ривал Ивандер Холифилд, од кого загуби во два контроверзни мечеви пред три децении.

Share
Scroll to Top