Поради повреда Халеп се повлече од Мастерсот во Мајами

Поради повреда Халеп се повлече од Мастерсот во Мајами

пред 3 години

Романската тенисерка Симона Халеп се повлече од тенискиот Мастерс турнир во Мајами поради повреда на рамото.

Третата светска тенисерка денеска требаше да игра меч против Летонката Анастасија Севастова во рамки на третото коло на турнирот откако во претходното коло ја совлада Каролина Гарсија за 400-та победа во кариерата.

Романската тенисерка кој има 22 титули во својата кариера ги објасни причините за денешното откажување на мечот.

„Многу ми е жал, но повредата не ми дозволува да играм на начин кој го очекувам. Жал ми е што не можам да продолжам. Се радував на доаѓањето овде и сакав да одиграм што е можно повеќе мечеви. Се надевам дека ќе дојдам пак следната година“ соопшто Романката.

Севастова во осминафиналето на Мастерсот ќе игра против Хрватката Ана Коњух (338. на ВТА) која предмалку сензационално ја совлада 16-тата светска тенисерка, финалистката од Ролан Гарос, Ига Свјонтек од Полска (2-1 во сетови / 6:4, 2:6, 6:2).

Share
Scroll to Top