Хери Мегваер или Хулк Хоган?

Хери Мегваер или Хулк Хоган?

пред 3 години

Фудбалските фанови уште се чудат како е возможно Хери Мегваер да не добие картон, а Челси пенал по ММА зафатот кој го имаше капитенот на Манчестер јунајтед во саботното дерби.

Поранешниот фудбалер на Јунајтед, Патрис Евра, вели дека потегот на Мегваер над Цезар Азпиликуета го потсетил на ВВЕ легендата, Хулк Хоган, во уште една мизерија на Мегваер оваа година.

„Порано гледав кечери и ова ме потсети на Хулк Хоган. Беше чист пенал и ВАР не реагираше, но можеме да зборуваме цел ден“, вели Евра.

Самиот Азпиликуета беше шокиран од тоа што не добија пенал.

„Почувствував раце околу вратот и рамењата. Судијата треба да донесе одлука, но ВАР е тука да помогне. Во секоја ситуација судијата може да побара помош. Не знам зошто не потрошија 20 секунди да го разгледаат тоа“, изјави Азпиликуета.

Share
Scroll to Top