Брајтон славеа победа над Астон Вила

пред 3 години

Фудбалерите на Брајтон приредија мало изненадување во Премиер лигата, откако во 10.коло, ја совладаа Астон Вила во Бирминген со 2:1. Играчите на Астон Вила по блескавата победа над Арсенал, во Лондон, беа фаворити, но таа улога не ја оправдаа на теренот. Дени Велбек во 12.минута школски реалзиираше еден контранапад . За поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и Арсенал ова беше петти гол во кариерата против Астон Вила. Со предност на Брајтон играчите заминаа на одмор, а веднаш на стартот од вториот дел, Астон Вила стигна до израмнување на резултатот со голот на Консо . Конечниот резултат го постави Марч во 56.минута . До крајот на мечот играчите на Брајтон ја одбранија победата. Брајтон во 91.минута остнаа со играч помалку. Вториот жолт картон го доби младиот Лампти.

Share
Scroll to Top