Елиминациите на Циципас и Квитова го одбележаа првиот ден на Вимблдон

Елиминациите на Циципас и Квитова го одбележаа првиот ден на Вимблдон

пред 3 години

Најголемото изненадување на првиот ден на тенискиот грен слем Вимблдон секако е елиминацијата на Стефанос Циципас од американскиот тенисер Френсис Таифоу, со 6-4 6-4 и 6-3.

Првиот носител на турнирот Новак Ѓоковиќ со загубен сет го реши прашањето на победникот против Британецот, Џек Дрејпер, 4-6 6-1 6-2 и 6-2.

За уште едно изнандување на „англиската трева“ се покрижи Мартон Фучович кој го елиминираше 19-тиот носител Италијанецот, Јаник Синер, со 5-7 6-3 7-5 и 6-3.

Рајли Опелка на турнирот дојде како 27. носител, а поразен е од Доминик Кепфер кој е 62. Светски тенисер, и тоа во три сета, со 6-4 7-6 и 6-2.

Андреј Рубљов помина во следно коло откако го победи Федерико Делбонис со 4-6 6-4 6-1 и 6-2.

Следна фаза обезбеди и Роберто Баутиста Агут. Тој беше поуспешен во дуелот со Џон Милман, 6-2 3-6 6-3 и 7-6.

На женскиот дел од турнирот, заврши настапот за двојната шампионка на Вимблдон, Петра Квитова. Таа загуби во два сета (6-3 и 6-4) од Американката Слоун Стивенс.

Ова се вчерашните резултати на женскиот дел од Вимблдон:

Сабаленка – Никулеску 6-1 6-4
Дејвис – Бариџ 6-2 6-1
Мугуруза – Феро 6-0 6-1
Киз – Свон 6-3 6-4
Патинама Керкове – Кузњецова 6-3 6-3
Осорио – Калинскаја 1-6 6-0 6-4
Александрова – Зигмунд 6-1 6-3
Кенин – Ванг 6-4 6-2
Свјонтек – Кси 6-4 6-4
Бегу – Волунетс 6-4 7-5
Ен – Вотсон 2-6 7-6 8-6
Младеновиќ – Рибакина 4-6 0-6

Share
Scroll to Top