Суарез го предупреди Меси: На теренот нема да сме пријатели

Суарез го предупреди Меси: На теренот нема да сме пријатели

пред 3 години

Луис Суарез вели дека ќе се однесува кон неговиот поранешен соиграч од Барселона и близок пријател, Лионел Меси како кон било кој противник во првиот меч на Уругвај на Копа Америка против Аргентина во петок.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид вели дека има пријателство со Меси насекаде, но не и на фудбалскиот терен пред мечот во Бразилија во петок.

„Со лео имам големо пријателство. Но, на фудбалскиот терен нема пријателство. Исто како што се однесував кога играв против Барселона, ќе се однесувам и кога ќе играме против Аргентина“, вели Суарез.

Уругвај ќе бидат опасен противник за Аргентина, посебно бидејќи се верува дека ова е последната Копа Америка за Суарез и за напаѓачот на Манчестер јунајтед, Единсон Кавани. „Ел Пистолеро“ Суарез постигна 21 гол за Атлетико минатата сезона, додека Кавани заврши со 17 гола за „ѓаволите“.

Share
Scroll to Top